Фудбалската опсерваторија, ЦИЕС, воо финишот на сезоната ја објави листата на најскапите тинејџери во фудбалот. Сите на оваа листа имаат помалку од 20 години, а според ЦИЕС најскап е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
Тинејџерот од Англија „експлодираше“ оваа сезона, поради што го привлече вниманието на најдобрите европски тимови. Од Дортмунд испратија порака дека немаат намера да го продадат Санчо.
Според ЦИЕС, на фудбалскиот пазар Санчо вреди 150 милиони евра. Вредноста на Англичанецот е двојно поголема од онаа на Матео Гендузи кој е втор на листата. Играчот на Арсенал е проценет на 70 милиони евра, а три милиони помалку вреди Николо Заниоло од Рома.
Уште четворица фудбалери родени по 1 јануари 1999 година, од петте најсилни европски национални првенства, според ЦИЕС, вредат повеќе од 50 милиони евра.
Тоа се Кај Хаверц (Баер Леверкузен) кој е проценет на 64,3 милиони евра, Деклан Рајс (Вест Хем) – 64,2 милиони, голманот на Милан и Италија Џиџи Донарума вреди 59,4 милиони и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 55 милиони евра.
Во Топ 10 се уште и Џастин Клајверт (рома) – 44,3 милиони евра, Иван Ндика (Ајнтрахт Франкфурт) 44,1 милиони и Рајан Сесињон (Фулам) – 43,5 милиони евра.
На листата на 50 најскапи тинејџери има фудбалери од 18 држави. Најмогу од нив се Французи (13), а деветмина доаѓаат од Англија.