Top Sport

„Најлошиот натпревар во кариерата на Џорди Алба“

Влијателниот шпански медиуми „Марка“ познат и како гласило на Реал Мадрид, го најде виновникот за катастрофата што ја доживеа синоќа Барселона на „Енфилд“. Ливерпул ја порази Барса со 4:0 и ја елиминира во полу-финалето, во Лигата на шампионите.

Според „Марка“ виновnик за поразот е Џорди Алба, според многумина најдобриот лев бек во светот. За она што го прикажа на теренот „Марка“ Жорди Алба го оцени со нула, а иста оценка доби и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

Според шпанските медиуми Алба на „Енфилд“ го одиграл најлошиот натпревар во кариерата.

По грешките на левиот бек Ливерпул ги постигнаа првите два гола. Најпрвин во седмата минута лошо со глава ја врати топката кон Ленгле, што го искористи Мане, кој го проигра Хендерсон, а пoтоа Ороги го постигна првиот гол.

Во 54 минута во опасната зона лесно лесно изгуби дуел со Александер-Арнолд, кој потоа мина покрај него и го проигра Вајналдум, а Холанѓанецот погоди за 2:0.

Scroll to Top