Top Sport

Таварез дефанзивец на сезоната во Евролигата

Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Еди Таварез е прогласен за најдобар дефанзивец, оваа сезона во Евролигата.

Центарот од Зеленортските острови, кој е висок 221 сантиметри, стана првиот играч на „кралскиот клуб“ кој ј добил оваа награда. Таварез е вториот Африканец што се закитил со наградата, пред него тоа му успеа на Габонецот Стефон Лазме.

Таврез сезонава со 3,3 блокади е водечки во оваа категорија, во Евролигата.

Покрај високиот центар во конкуренција за оваа награда беа Никола Калиниќ (Фенербахче), Јан Весели (Фенербахче) и Брајан Данстон (Анадолу Ефес).

Реал Мадрид, на завршниот турнир во Виторија од 17 до 19 мај, ќе ја брани титулата освоена мината година во Белград. Во полу-финалето, Реал ќе игра против ЦСКА Москва.

Scroll to Top