Руската атлетичарка Ксенија Савина доби 12 годишна суспензија поради допинг и измама. Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) соопшти дека таа е суспендирана до 31 мај 2031 година, поради допинг, измама, а била и соучесник во манипулацијата со мострите за допинг. Кога ќе и истекне суспензијата таа ќе има 41 година.
Нејзиниот сопруг Алексеј Савин поради соучесништво во манипулациите со допинг добил четири годишна суспензија.
Ксенија Савина минатата година доби привремена суспензија поради употреба на забранетата супстанца ЕПО.
Руските медуми објавија дека Савина користела украински пасош на своја пријателка од детството за да учествува на меѓународни натпревари. Тоа се случило откако Русија во 2015 година е суспендирана поради распространетиот допинг.
Савина учествувала на трките на 400 и 1.500 метри, но не успеала да зе пласира на големите натпреварувања.