Дебаклот на Барселона во Ливерпул тежко го поднел најдобриот играч на „блауграна“, Лионел Меси. Аргентинецот кој постигна два гола во првиот меч, во реваншот беше невидлив, како и целиот тим на Барселона, поради што „црвените“ ја надополнија негативата од три гола и со 4:0 се пласираа во финалето.
Меси по завршувањето на натпреварот уште два часа останал на „Енфилд“, а „Гардијан“ открива зошто толку долго време минал на легендарниот стадион.
Наводно, долго време Аргентинецот минал сам во соблекувалната. Плачел поради елиминацијата. Потоа морал на допинг-контрола, па дури тогаш се упатил кон аеродромот.
Според шпанските медиуми на аеродромот Меси имал вербална расправија група навивачи на Барселона.