Одбојкарките на Имоко Волеј Конељано ја прославија италијанската титула на необичен начин – соблекувајќи се голи во соблекувалната и позирајќи пред „стратешки поставениот“ трофеј.
Со само златните медали на вратот, одбојкарките беа фотографирани зад блескавиот трофеј кој го освоија во трилер меч во пет сет против главните ривали Игор Горгонзола Новара. Ова е втора титула во низа за Конељано.
Моментот беше споделен од Полјачката Јоана Волош, која имаше и индивидуална фотографија. Двата италијански тима повторно ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампиони во Берлин.
View this post on Instagram