Top Sport

Супер-агентот Мино Рајола доби тримесечна суспензија

Агентот на повеќе фудбалски мега-ѕвезди, Мино Рајола и неговиот братучед Винченцо Рајола добија забрана да ги претставуваат своите клиенти во следните три месеци од страна на италијанските власти, поради засега наразјаснети причини.

Комисијата за спортски претставници (ЦПС) на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), му додели на Кармине Рајола (попознат како Мино) тримесечна суспензија, додека Винченцо Рајола е суспендиран два месеци. Минатиот месец, Рајола ја нарече ФИГЦ „слаба и непостоечка“.

Помеѓу клиентите на Мино Рајола се Пол Погба, Марио Балотели, Лоренцо Инсиње, Моисе Кин, Матијс де Лихт и Хенрик Мхитарјан.

Scroll to Top