Top Sport

Челси во моментов има 41 позајмен фудбалер!

Челси нема да може да регистрира нови фудбалери во следните два преодни рока откако ФИФА ја одби нивната жалба на казната која ја добија за ангажирање на фудбалери по 18 години.

„Челси го прекрши одделот 19 на регулативите во 29 случаи на малолетни фудбалери и направија дополнителни прекршувања на правилата за регистрација на фудбалери“, се велеше во одлуката на ФИФА. Се верува дека почетокот на истрагата е направен во 2016 кога Бертран Траоре играше за нивниот У-18 тим на 16 години.

Сепак, на „сините“ тешко дека ќе им недостасуваат фудбалери – тие имаат дури 41 позајмен фудбалер, од кои некои сигурно ќе мораат да се вратат во тимот. Помеѓу нив се Мичи Батшуаи, како и Кристијан Пулишиќ, со кого клубот потпиша договор во јануари, но го даде на позајмица на Борусија Дортмунд до крајот на сезоната.

Scroll to Top