Еден Азар и оваа сезона ја потврди високата класа, поради тоа навивачите на Челси сакаат тој да потпише нов договор со клубот. Белгиецот собра три клупски награди сезонава: најдобар играч, најубав гол и најдобар играч во изборот на останатите фудбалери.
Интересен момент се случил на доделувањето на наградите кога Азар излегол на сцената да ги собере признанијата. Еден навивач му дофрлил да потпише нов договор, а Азар со насмевка му одговорил: „Каде е пенкалото?“.
Is there any chance this guy will SIGN THE CONTRACT? ☹ #Chelsea #signthecontact #Eden Hazard pic.twitter.com/iu5lSNESsi
— Agaman Subedi (@agamansubedi) May 10, 2019
Инаку, Азар речиси цела сезона се поврзува со трансфер во Реал. Последните шпекулации говорат дека тој ги договорил личните услови со Реал. Челси за Азар од Реал бара 100 милиони фунти (116 милиони евра).
Договорот на Белгиецот со „сините“ истекува на 30 јуни 2020 година.