Манчестер сити вчера ја одбранија титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ на крајот ја добија трката со Ливерпул и со бод повеќе од „црвените“ први ја минаа целта.
Играчите на Пеп Гвардиола на стадионот во Брајтон го прославија освојувањето на шампионскиот трофеј, а меѓу нив беше и Бежаман Менди, еден од најскапите леви бекови во историјата на фудбалот.
Менди ја заврши својата сезона од престојот во Манчестер сити и ја освои втората титула во Премиер лигата.
Во последата година, поради повредите, Менди има одиграно само 22 натпревари, а има импресивна бројка на освоени трофеи, дури шест.
Левиот бек има две титули во Премиер лигата, два во Лига купот, Комјунити шилд и стана светски првак со Франција, иако на СП во Русија одигра вкупно 20 минути.