Поранешниот сопственик на Манчестер сити, Таксин Шинаватра, го започнал преговорите за преземање на Кристал Палас. Поранешниот премиер на Тајланд пред 11 години на групација од Абу даби за сума од 175 милиони фунти им го продаде Манчестер сити.
Шинаватра ги удри темелите на новиот Манчестер сити, а клубот во негов сопственост беше 15 месеци. Во септември 2008 година тој на групацијата од Абу Даби им го продаде за двојно поголема вредност од онаа што ја вложи.
Британските медиуми објавија дека заедно со Шинаватра во клубот би требало да пристигне и Митија Тијапартија, кој е поранешен претседател на Чанграи Јунајтед.