Капитенот на Ајакс, Матијас Де Лихт во наредните денови траба да го комплетира својот трансфер во Барселона, објавија шпанските медиуми. Де Лохт ќе му се приклучи на соиграчот Френки Де Јонг за кого Барселона во јануари плати 75 милиони евра.
Според медиумите на Пиринејскиот полуостров, Барселона слична сума ќе издвои и за Де Лихт, а трансферот би бил официјализиран по завршувањето на сезоната во Холандија. Ајакс утре во последното коло ќе играат против Де Графшап.
Де Лихт, наводно инсистирал на трансфер во Барселона, во конкуренција на Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Јувентус, Ливерпул и Баерн Минхен.
Барселона 19 годишниот фудбалер му ветиле дека ќе има место во стартната постава.