Србинот Душан Тадиќ е изненадување затоа што одигра маестрална сезона во тимот на Ајакс. Бројките го потврдуваат тоа. На 55 меча учествувал во дури 60 гола, постигнал 36, а асистирал при 24.
Само неприкосновениот Лионел Меси е на листата пред него. Аргентинецот постигна 48 гола, а има 22 асистенции на 47 меча сезонава за Барселона.
На третата позиција на најексплозивни напаѓачи во Европа се најде Французинот Килијан Мбапе од ПСЖ кој на 41 натпревар постигна 36 гола со 17 асистенции.
Четврти е Полјакот Роберт Левандовски од Баерн Минхен. Неговиот сезонски учинок е 38 гола и 18 асистенции на вкупно 45 меча.
По нив следуваат Манус Дабур од Салцбург, Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон…