Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во интервју за „Лекип“, говорел за состојбите на „Олд Трафорд“ и за бројни теми поврзани со фудбалот. Тој им поделил комплименти на колегите Јирген Клоп и Маурицио Покетино, чии тимови ќе играат во финалето, во Лигата на шампионите и демантирал дека ќе биде тренер на ПСЖ.
Новинарот на „Лекип“ најмногу прашања имал околу Манчестер Јунајтед, клубот кој на Мурињо во врачи отказ во декември минатата година.
„За Манчестер Јунајтед ќе кажам само две работи. Прва е дека времето си го кажа своето. А втората е дека проблемите таму и понатаму се присутни“, рекол Мурињо кој е убеден дека постигнал успех со „црвените ѓаволи“.
„Пред девет или десет месеци реков дека иако имам осум шампионски титули со други тимови, дека второто место со манчестер Јунајтед во Премиер лигата е моето најголемо достигнување. Мислам дека сега на луѓето им е јасно што сакав да кажам“.
Имал одговор и на прашањето дали бил на некој начин жртва на Пол Погба.
„Дали бев жртва на Погба? Не. Проблемите се таму, меѓу играчите, во организацијата, амбицијата. Знам само дека нема да во дадам потврден одговор доколку сакате да прашате дали одговорноста е само на Погба“, заклучил Мурињо.