Top Sport

Јуниорите од МЗТ од утре во АБА-лигата

Натпреварите во јуниорската АБА-лига за играчи до 19 години ќе започнат утре на 24 ноември, потврди лигата на својата официјална интернет-страница.

Во јуниорската лига се натпреваруваат 10 екипи, кое се поделени во две групи.

Во А-групата во Белград ќе играат Црвена звезда, Цибона, Мега бемакс, Морнар и МЗТ Скопје, а Б-групата ќе се игра во Загреб и во неа се наоѓаат Будуќност, Цедевита, Игокеа, Партизан и Олимпија.

Натпреварите во овие групи ќе се играат до 26 ноември, тимовите ќе играат меѓу себе, а по две најдобри од секоја група ќе изборат пласман на завршниот турнир кој ќе се одржи во Лакташи.

Scroll to Top