Top Sport

Слесор му го уништи сонот од милион фунти на О’Саливен (видео)

Рони О’Саливен испадна во третото коло на Северна Ирска опен откако 23-годишниот Елиот Слесор со фантастична игра ја победи „ракетата“ со 4:1. Со ова се става крај на надежта на О’Саливен за освојување на титулата од „Хоум нешјнс“ серијата и џек-потот од 1 милион фунти.

Рони беше слаб од стартот против Слесор, губејќи со еден фрејм по грешка. Во вториот фрејм тој се врати со добра игра, но тоа беше сè што направи во мечот, откако Слесор ги казни грешките во следните три фрејма.

„Знам дека има фаворити и не-фаворити, но секој може да има добар ден. Нема лесно со никого“, изјави Слесор.

ТРЕТО КОЛО

О’Саливен – Слесор 1:4

Кинг – Бингтао 1:4

Милкинс – Н.Робертсон 4:3

Валден – Џ.Робертсон 4:3

Деј – Хал 4:3

Хаотиан – Ун-Нух 4:2

Дан – Холт 4:1

Гуодонг – Пери 1:4

Scroll to Top