Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пожали на условите за игра на Мастерс турнирот во Рим истакнувајќи дека поради влажните и лизгави линии на теренот играчите лесно може да се повредат. Швајцарецот вчера мораше да се повлече од турнирот поради повреда на десната нога.
„Не разбирам како играчите прифаќаат да продолжат да играат под такви околности. Тие го влажнат теренот, па не повикуваат да играме. Играчите ги проверуваат линиите и велат дека може да се игра. Влажна линија значи постојана опасност од лизгање. Кога тоа ми се случи, во два гема во низа го повредив палецот. Ногата исто така ме боли. Не знам, не разбирам. Не не тераат да играме, судијата ми рече дека не морам. Потоа му реков – зошто не повикал дека е време да излеземе на терен и да го чувствуваме притисокот ос 10.000 навивачи“ – вели Федерер.
Швајцарецот никако не може да се сложи дека се тоа нормални услови за игра.
„Играчите секогаш ќе се повлечат и ќе речат „Добро, морам да играм“. На линиите им требаат 5 минути да се исушат и мислам дека не треба да прифаќаме се додека тие се влажни и лизгави. Никому не му треба повреден играч поради таква ситница“ смета швајцарскиот тенисер.