Ракометната екипа ЧСМ Букурешт од Романија, во чии редови на десната крилна позиција настапува македонскиот ракометен репрезентативец, Гоце Георгиевски го освои годинешниот Челинџ купот на ЕХФ.
Во финалето романската екипа беше подобра од Мадеира од Португалија.
На првиот натпревар во Португалија резултатот беше нерешен 22-22, а во Романија ЧСМ Букурешт славеше победа со 26-20.
Гоце Георгиевски постигна 4 гола во противничката мрежа.
За него ова беше втор трофеј со екипата. Првиот трофеј за Георгиевски беше шампионската титула во Романија во 2017 година.