Во денешните полуфинални дуели на женскиот дел од турнирот во Рим место во борбата за трофејот обезбедија 42-та светска тенисерка, Џоана Конта од Велика Британија и седмиот светски рекет, Каролина Плишкова од Чешка.
Конта во речиси тричасовна борба со 5-7 7-5 и 6-2 ја совлада фаворитката Кики Бертенс од Холандија. Дваесет и осумгодишната тенисерка со пресврт успеа да се пласира во финалето каде ќе има посилен и поодморен противник против себе.
Плишкова на двапати по 6-4 за речиси 90 минути ја прескокна Гркинката Мариа Сакари и обезбеди место во финалето.