Ерик Кантона е познат по тоа што е еден од најснаодливите и најелоквентните кога се зборува за фудбалските навреди, но овојпат Пари Сен-Жермен го „натфрли“.
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската репрезентација никогаш не криел дека не го сака клубот од Париз, а во неодамнешното интервју (можете да прочитате подолу дел), го нарече ПСЖ мал клуб.
„Хавиер Пасторе игра за Аргентина, голема репрезентација, но не игра за Париз, мал клуб. Бидејќи имаат многу пари тие се големи“, изјави Кантона.
ПСЖ реши да ги искористи зборовите на Кантона, дадени при сослушувањето за контроверзниот кунг-фу удар над навивач на Кристал Палас како совршен одговор.
« When the seagulls follow the trawler, it is because they think ? will be thrown into the sea. » https://t.co/CZbeU8YZCl
— PSG Officiel (@PSG_inside) November 23, 2017
„Кога галебите го следат рибарскиот брод, тоа е бидејќи мислат дека ќе се фрлат риби во морето“, напишаа на официјалниот Твитер профил на ПСЖ.
Сепак, познавајќи го карактерот на Кантона, ова може да биде само прекрасен почеток на војна на зборови меѓу Французите.
Кантона: Пасторе, а не Гризман да биде новата „седумка“ на Јунајтед (видео)