Црвена звезда забележа нов пораз во Евролигата, овојпат од Басконија 81:85 (17:22, 21:25, 19:17, 24:21).
Перо Антиќ не беше во составот на Црвена звезда која го запиша петтиот пораз во низа. Регионалниот првак по девет кола има само две победи.
Меч со многу осцилации, лоша реализиција во ударите за два и три поени, одигра Црвена звезда што резултираше со пораз против искусниот состав на Басконија. Отсуство на Антиќ се почувствува во рекетот, Басконија доминираше во скокот и во пик играта.
Шпанскиот тим водството го презеде по петтата минута, одржуваше најчесто од осум поени, иако Звезда неколку пати успеваше да се доближи на два и на четири поени негатива.
Во винишот на мечот, на три минути до крајот, Лесор иницираше серија 10:0 со која домаќинот ја врати предноста 75:73, но потоа повоторно следуваше голем пад во играта и поразот беше неизбежен.
Црвена звезда ја предводеа Лесор со 19 и Добриќ со 17 поени, додека потфрли Рочести кој постигна само 4 поени (2/6 за два, 0/6 за три).
Кај Басконија блескаше германскиот центар Војтман со 17 поени, 8 скока и 5 асистенции, Грузиецот Шенгелија постигна 16, Летонецот Тима 15 поени.
На останатите натпревари Жалгирис го победи Ефес 91:83, Олимпијакос во драматичен меч славеше во Милано 86:95, Барселона го декласира Макаби 89:67, а Бамберг за еден поен беше подобар од Валенсија 83:82.