Манчестер Јунајтед го договориле првото засилување во летниот преоден рок. Медумите во Англија објавија дека Даниел Џејмс ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“.
Велшанецот ги договорил личните услови, а откако клубовите ќе се договорат околу обесштетувањето крилниот напаѓач ќе го потпише договорот. Се шпекулира дека Свонси од трансферот ќе заработат 17 милиони евра.
Минатата сезона Џејмс забележал четири гола и седум асистенции на 33 натпревари за Свонси. За Велс одиграл два натпревари и се претпоставува дека селекторот на оваа репрезентација Рајан Гигс им го препорачал Џејмс на челниците на Јунајтед.