Top Sport

Евертон потроши 150 милиони, а губи со 1:5 од Аталанта! (видео)

Катастрофалниот старт на Евертон на сезоната 2017/18 во четвртокот стигна до ново дно, откако на „Гудисон Парк“ беа „прегазени“ со 5:1 од Аталанта. За италијанскиот тим од Бергамо ова е само втора европска победа на гости во историјата на тимот.

Со три гола во финишот на натпреварот, Евертон загуби од тим кој е само 12. во Серија А и во кој имаше серија заминувања во текот на летото. „Карамелите“ потрошија 150 милиони фунти за засилувања пред да го отпуштат менаџерот Роналд Куман, а ништо подобро не им оди ни со преодниот тренер Дејвид Ансворт.

Ова беше најлош домашен пораз од било кој англиски тим во Европа лигата или УЕФА купот откако Нотингем Форест загубија 5:1 од Баерн Минхен во 1996 година. Евертон се исто така само вториот англиски тим кој освоил само еден поен од првите пет натпревари во ЛЕ или ЛШ по Блекбурн во 1995/96.

Поенот на Евертон дојде од 2:2 ремито со кипарскиот Аполон Лимасол на домашен терен. Тие загубија со 3:0 од Аталанта и Лион на гости, и уште со 2:1 од Лион на домашен терен.

Вејн Руни призна дека поразот е „вознемирувачки“, но застана во одбрана на менаџерот Дејвид Ансворт, велејќи дека тој има позитивно влијание на тимот.

„Не е убаво да губиш натпревари, а начинот на кој ги губиме е вознемирувачки и разочарувачки. Нема што друго да се додаде. Треба да застанеме зад нашиот менаџер и да се обидеме да имаме добра сезона во Премиер лигата. Со Дејвид Ансворт има позитивна атмосфера меѓу играчите“, изјави Руни.

Scroll to Top