Леонардо Бонучи на натпреварот Милан-Австрија Виена постигна еден од најчудните автоголови можеби и во историјата на фудбалот.
Дефанзивецот на Милан во 21.минута, со лизгачки старт сакаше една не толку тешка топка да исфрли во корнер, но таа му помина низ нозете, а потоа заврши во голот.
Милан потоа нарави пресврт, првиот дел го заврши со предност 3:1, а на крајот беше 5:1.
Бонучи во летниот преоден рок стигна на „Сан Сиро“ за сума од околу 40 милиони евра, но не ниту приближно добар како што беше во Јувентус.