„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот милијардер со италијанско потекло, Роко Комисо се согласил да го откупи тимот на Фиорентина за 135 милиони евра и дека ова официјално ќе биде соопштено во понеделник.
„Спорт медијасет“ веќе објави дека Комисо преговара со семејството Дела Вале за преземање на славниот клуб од Фиорентина, но „Њујорк тајмс“ вели дека договорот е завршен. Комисо е претседател на кабловската мрежа „Медијаком“ и сопственик на Њујорк космос, а претходно беше поврзуван со откуп на Милан од Кинезот Јонхонг Ли, пред проектот да пропадне и клубот да отиде кај „Елиот менаџмент“.
Браќата Дела Вале, Андреа и Диего ја обновија Фиорентина по банкротот во 2002 година, и ги внесоа од Серија Ц2 во Серија А, но зенитот како да е достигнат, а навивачите би сакале повеќе инвестиции и борба за титулата како во славните денови. Според „Њујорк тајмс“, Комисо веќе ја ангажирал банката „ЏП Морган чејс“ за да го комплетира договорот.