Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората рекол дека не планира да се врати во Челси, туку дека сака да остане во Атлетико, каде, во јануари, пристигна на 18 месечна позајмица.
„На сите им е јасно дека сакам да останам овде. Во ниту еден момент не сум размислувал да заминам од Мадрид. Се надевам дека мојот статус ќе биде решен што е можно поскоро. Среќен сум во Атлетико и сакам овде да останам до крајот на кариерата“, изјавил Мората за „Марка“.
„Се додека ме сакаат во клубот и додека навивачите се среќни јас сакам да бидам тука. Овде си ја најдов среќата. Се наоѓам таму каде што сакам да бидам“.
Мората во Атлетико успеа да се врати во вистинската форма, на 13 натпревари како стартер успеа да постигне шест гола.