Top Sport

Репрезентативците ги започнаа подготовките за Полска и Австрија

Македонската фудбалска репрезентација во некомплетен состав ги започна подготовките за квалификациските натпревари за пласман на ЕУРО 2020, против Полска и Австрија.

Фаворитите во Г-групата, во Скопје ќе гостуваат на 7, односно 10 јуни.

Нашата најдобра репрезентација првиот дел од подготовките ги започна без капитенот Горан Пандев, клупски обврски се уште имаат голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски од утре ќе му бидат на располагање на селекторот Игор Ангеловски.

Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Риека е во тренажен процес.

Scroll to Top