Новиот тренер на Сент-Етјен, Жулиен Сабле ќе почека за првата победа со „зелените“, откако во интересен меч, прв од 14. коло на Лига 1, неговиот тим одигра 2:2 со Стразбург.
Сент-Етјен двапати водеше, но тимот од Алзас веднаш израмнуваше. Ова е петти натпревар без победа за „зелените“ во Лига 1, но остануваат на шестото место со 19 поени по одличниот старт на шампионатот. Стразбур е уште во зоната на испаѓање – на 18. место со 14 поени.