Top Sport

Нов пресврт: Нема „перки од ајкула“ на Ф1 болидите од 2018

На Формула 1 болидите нема да има покривка на моторот во облик на „перка од ајкула“ од следната сезона, откако се направи конечна одлука од страна на Стратешката група во спортот.

Претходно тимовите планираа да ги задржат големите покривки за подобро поставување на реклами на големите спонзори, но тимот на Мекларен одби да го поддржи тоа и покрај тоа што процесот на дизајнирање на болидите за 2018 е започнат. На состанокот оваа недела решено е воопшто да нема таква покривка.

„Малку ги искомпликувавме работите и сега ќе треба да се врши редизајнирање на дел од болидите“, призна техничкиот директор на Форс Индија, Ендру Грин.

Техничкиот директор на Мекларен, Ерик Булие вели дека нивниот став е исправен.

„Не сфаќам зошто сите одеднаш сакаа да сменат нешто, бидејќи отстранувањето и така беше планирано. Со месеци велеа дека нема да има покривки, и сега некои тимови сакаа повторно да направат промени“, објаснува Булие.

Мекларен со вето за останување на ајкула-покривката

Scroll to Top