Љубителите на кошарката со нетрпение го очекуваат почетокот на новото НБА-финале.
Вечерва во 3 часот по полноќ по средноевропско време во „Скотибанк арена“ во Торонто започнува првиот меч од финалната серија меѓу Торонто Репторс и Голден Стејт Вориорс.
„Воините“ го бркаат третиот шампионски пехар во низа , додека „грабливците“ од Канада ќе се обидат да ја грабнат првата шампионска титула во историјата на клубот.
Ѕвездата на Голден Стејт, Кевин Дурент сигирно нема да игра на првиот меч од финалната серија, додека под знак прашалник се настапите на Демаркус Казнс и Андре Игудала.
„Воините“ знаат како се освојуваат трофеи, додека, пак, во Торонто се „крстат“ на неверојатниот Каваи Ленард кој со фантастичните партии против Милвоки ги сруши „бакси“. Освен Ленард, животна сезона игра Паскал Сијакам, а тука се и одличните Марк Гасол, Кајл Лаури и Серж Ибака. Тренер на екипата е Ник Нурс.
Кај Голден Стејт веќе повеќе години „први виолини“ се Стеф Кари, Клеј Томсон, Дрејмонд Грин и Кевин Дурент. Тренер на клубот е Стив Кер.
Љубителите на кошарката ќе уживаат во најмалку четири, или во најмногу седум натпревари.