Поранешниот египетски напаѓач на Рома, Мидо вели дека си заминал од италијанскиот тим бидејќи Франческо Тоти „решил“ да стане централен напаѓач.
„Можев да се натпреварувам со сите на светот, но не и со Тоти“, вели Мидо во интервју за „Он спорт“.
Мидо дојде меѓу „џијалороси“ во 2004 година, но одигра само 14 натпревари а клубот без да постигне ниту еден гол. Негов последен настап беше суперкупот на Италија во 2006, по што следуваше трансфер во Тотенхем.
„По Суперкопа 2006, Тоти реши да стане централен напаѓач. Агентот Мино Рајола ми советуваше да останам, но му кажав не. Можев против било кого, но е и против Тоти. Затоа завршив во Тотенхем“, открива Мидо.