Денеска, шпанскиот весник „Марка“ ќе го објави ексклузивното интервју со Лионел Меси, откако вчера му ја доделија четвртата „златна копачка“ за најдобар стрелец во 2016/17.
Во интервјуто тој зборува за неговиот личен живот, за Светското првенство и фаворитите на него, за Реал Мадрид и Кристијано Роналдо. Пред објавувањето на интервјуто, „Марка“ пренесе дел во кој Меси зборува за најголемите ривали во Лигата на шампиони оваа сезона.
„Манчестер сити е еден од најсилните тимови во моментов, заедно со Пари Сен-Жермен. Досега тие покажаа дека се фаворити, но Лигата на шампионите е долго и тешко натпреварување. Никогаш не ги отпишувам Мадрид, бидејќи иако ги немаат очекуваните резултати, на крајот ќе се борат за сите титули како секоја година. Баерн е исто така голем тим кој ќе биде силен. Сепак, од денешна перспектива фаворити се Сити и ПСЖ“,вели Меси.
Тој открива и детали за своето семејство, децата, животот по фудбалот, но и за својата исхрана.
„Најтешко ми е да се воздржам од чоколадото. Дури и сега. Понекогаш тоа е мојот таен грев – јадење чоколадо“, додава Аргентинецот.
Меси ја доби „златната копачка“, одбива да зборува за новиот договор