Top Sport

НБА: Трипл-дабл за Леброн и Вестбрук, Кари 26 поени во една четвртина

Најголемите ѕвезди во НБА лигата имаа блескава вечер, а само Расел Вестбрук не успеа да го однесе својот тим до победа.

Леброн Џејмс го забележа 57. трипл-дабл во акриерата и му помогна на Кливленд да направи пресврт против Шарлот, а потоа минимално да славо 100:99. Џејмс натпреварот го заврши со 27 поени, 16 скока, 13 асистенции.

Откако во 2010 година Мајкл Џордан стана сопственик на Шарлот, овој тим има забележано само една победа во 26.натпревари против Кливленд.

Ниту 85.трипл-дабл во кариерата на Расел Вестбрук не и помогна на Оклахома да го избегне поразот од Детроит 98:99.

Вестбрук натпреварот го заврши со 27 поени и по 11 скокови и асистенции, а Детроит го предводеше Андре Драмонд со 17 поени и 14 скока.

Стеф Кари го декласира Чикаго. Бекот на Голден Стејт против Чикаго во првото полувреме за 17 минути постигна 31 поен, од кои 26 во втората четвртина. Кари во вториот период постигна поевеќ кошеви од целиот тим на Булс.

НБА, резултати:

Атланта Хоукс-Њујорк Никс 116:104
Бостон Селтикс-Орландо Меџик 118:103
Кливленд Кавалирс-Шарлот Хорнетс 100:99
Индијана Пејсерс-Торонто Репторс 107:104
Минесота Тимбервулвс-Мајами Хит 97:109
Оклахома Сити Тандер-Детроит Пистонс 98:99
Деневер Нагетс-Мемфис Гризлис 104:92
Феникс Санс-Њу Орлеанс Пеликанс 91:115
Голден Стејт Вориорс-Чикаго Булс 143:94

Scroll to Top