Кошаркарите на Цибона се нови шампиони на Хрватска откако во четвртиот меч од финалната серија по четвртипат го совладаа досегашниот шампион, тимот на Цедевита со 100-98.
„Волците“ на тој начин ја прекинаа доминацијата на Цедевита која траеше цели 5 сезони.
Цедевита на синоќешниот меч против Цибона имаше и +17, но гостите со сјаен пресвр успеаја да слават победа и да ја обезбедат титулата.
Кошот на одлука на 2 секунди пред крајот го постигна Доминик Гилберт.
Фран Пилепиќ беше најефикасен кај „цибоси“ со 22 поени, а искусниот Дамир Маркота додаде 14 поени.
Кај Цедевита најпрецизен беше Филип Крушлин со 19 поени.