Top Sport

Јуве ќе го продава Алекс Сандро?

Алекс Сандро е далеку од минатосезонската форма, поради што Јувентус размислува да го продаде во летниот преоден рок. Дури и навивачите на „старата дама“ сметаат дека во овој момент Асамоа е подобро решение од Бразилецот за левата бековска позиција.

Алекс Сандро по завршувањето на сезоната беше во фокусот на Челси и Манчестер Сити, дури како што обајвија тогаш медиумите, тој со Челси ја договорил плата, 6 милиони евра по сезона, а Јуве требаше да добие 70 милиони евра како обесштетување.

Јувентус не сакаше да го продаде Бразилецот, му вети покачување на платата, но барем засега не му понудил нов договор.

Алекс Сандро од почетокот на сезоната не може да ја најде вистинската форма поради што Италијаните шпекулираат дека тој не во јануари, туку во јуни ќе биде продаде.

Во прилог на ова одат и информациите дека Јувентус ќе го врати во Торино Спацинола, која како позајмен фудбалер настапува во Аталанта.

Scroll to Top