Младиот фудбалер Лука Јаневски од Македонија е прогласен за најдобар голман на финалето од „Фубал за пријателство“ кое се одигра на „Плаза де Мајор“ во центарот на Мадрид. Натпреварот заврши 1:1.
Неговиот тим настапи на финалето, но изгуби во пенал серијата. Македонецот Лука Јаневски даде еден гол од пенал.
Јаневски кој е дел од подмладокот на ФК Вардар, се бореше во конкуренција од над 500 деца, од 211 држави.
Македонските учесници во проектот „Фудбал за пријателство“, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски, фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска, која е млад новинар од Македонија ќе присуствуваат на финалниот меч меѓу Ливерпул и Тотенхем од Лигата на шампионите.
За учесниците најважно е другарувањето со децата што имаат учество во проектот, кој е под покровителство на компанијата „Гаспром“.
Главните вредности што ги промовираат учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест.
Од Мадрид за „Топспорт“, Кристијан Ландов