Женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на турнирот кој се игра во Романија, наречен „Трофеј Карпати“.
Откако вчера беа поразени од Бразил (32:19), денес македонските ракометарки забележаа нов пораз од 13 голови, во дуелот со домашната селекција на Романија (31:18).
Катастрофалната игра во првото полувреме ги однесе македонските ракометарки до убедлив пораз. Романките мечот го отворија со предност 6:0, а прашањето околу победникот беше решено по нецели 20 минути, кога резултатот беше 12:1. Македонија во првиот дел постигна само пет гола.
Настапот на „Трофеј Карпати“ Македонија ќе го заврши утре против Полска. Натпреврот ќе заочне во 13 часот.
фото/macedoniahandball.com.mk