Јапонскиот фудбалски клуб Урава ја освои титулата во Лигата на шампиони на Азија. Во возвратниот финален меч, Урава го победи АлХилал од Саудиска Арабија со 1:0.
Еден гол во 180 минути го реши прашањето околу освојувачот на Лигата на шампиони на Азија. Откако Ал Хилал и Урава одиграа без голови во првите натпревар, вториот во Јапонија го реши Рафаел Силва со голот кој го постигна во 88.минута.
Урава ја освои втората титулата во азиската Лига на шампиони. Овој тим ќе ја преставува Азија на Светското првенство за клубови кое ќе се одржи во декември.