Top Sport

Почина петгодишното „другарче“ на Луис Хамилтон

Хери Шоу, петгодишното дете, кое доби болид откако го инспирираше Луис Хамилтон до победа на Шпанското ГП почина.

„На 1 јуни 2019, петгодишниот Хери Шоу се предаде по тешка 10-месечна битка против реткиот рак на коските“, објави неговата веб-страница.

Светскиот шампион Хамилтон го опиша Хери како негов „духовен ангел“ и му ја посвети победата на 12 мај, по што неговиот тим, Мерцедес, обезбеди еден од нивните болиди да биде испратен до домот на момчето.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');