Top Sport

Барса „пазари“ на „Месталја“, купува напаѓач за 120 милиони евра?

Шпанска Барселона активно бара појачувања во нападот на тимот, а долго време се споменува името на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Ова не е прв преоден рок кога се споменува неговото име како засилување за Каталонците, но досега неуспешен е неговиот трансфер на „Ноу Камп“.

Шпекулациите се дека соблакувалната на шпанскиот фудбалски првак не е премногу импресионирана од доаѓањето на Гризман, а наводно и Меси советувал да се прескокне доведувањето на Французинот.

Шпански „АС“ пак пренесува информација дека Барса е во преговори со Валенсија за во тимот да го донесе напаѓачот на „лилјаците“, Родриго. 28-годишниот фудбалер има договор со Валенсија до 2022 година, но „АС“ пишува дека Барса е подготвена за него да ја активира отупната клаузула од 120 милиони евра.

Scroll to Top