Гранада се враќа во Ла лига по двегодишна пауза, откако обезбедија 1:1 реми со Мајорка во вторникот навечер на едно коло пред крајот на Сегунда, откако Федерико Сан Еметерио израмни во 88. минута од мечот.
На третопласираниот Албасете му беше потребна победа над Малага за да ги заддржи малите шанси за директен пласман, но тие загубија со 2:1 и двата клуба ќе играат бараж за пласман во елитата. Во баражот се и Мајорка, додека Депортиво ла Коруња, Кадиз и Реал Овиедо ќе се борат за последното бараж место во последното коло.Осасуна е убедливо на првото место на табелата и веќе имаше обезбедено влез во Ла лига.
Гранада се третиот андалузиски клуб во Ла лига по Реал Бетис и Севилја, а се враќаат во елитата откако беа преземени од кинески сопственици по испаѓањето во 2017 година.