Фудбалерите на Португалија се пласираа во финалето на завршниот турнир на Лигата на нации, а синоќешниот меч на Португалија и Швајцарија (победија Португалците 3-1) го одбележа фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо.
Фудбалскиот ас ги постигна сите три гола за својата селекција, но денеска на социјалните мрежи се појави кратко видео од еден негов бравурозен дриблинг.
По левата страна, во обид да се ослободи од својот чувар за да нафрли пред голот на Швајцарија, Роналдо си поигра како со мало дете со дефанзивецот Кевин Мбабу (24), играч на швајцарски Јанг Бојс.
Погледнете ја целата ситуација за која денеска „сеир“ на бекот му фаќа фудбалскиот свет:
@Cristiano Ronaldo just ended that defenders career????? pic.twitter.com/dwsIBFl8YV
— B3 (@b3naldo7) June 5, 2019
Cristiano Ronaldo no sabe regatear, no mete faltas y no aparece en los partidos importantes.#NationsLeague pic.twitter.com/0LfzYSDMX7
— NameKevin (@MadriTweets) June 5, 2019