Top Sport

Монтоливо со „горчливо“ збогување од Милан

Рикардо Монтоливо вели дека си заминува од Милан како „ранет човек“, откако немаше ниту еден настап за „росонерите“ минатата сезона иако претходно беше капитен на клубот.

Монтоливо не доби ниту една шанса од тренерот Џенаро Гатузо и фудбалерот од средниот ред заминува откако договорот ќе му заврши на крајот на јуни.

„Седум сезони во овој блескав дрес, четири години со капитенската лента. Тогаш… Тогаш ми ја земаа лентата и не кажав ништо… Не добив ниту една минута на теренот и не кажав ниту збор… Не добив шанса да се збогувам на мојот стадион и не кажав ниту збор. Здивот кој го чував, сега го користам да вреснам: ’ви благодарам’ на навивачите на ’росонерите’. Благодарам од капитенот и од ранетиот човек, кој сепак, ќе ја држи главата високо свесен дека секогаш ја завршил работата професионално. Раните ќе се залечат, љубовта за овој дрес ќе остане засекогаш. Форца Милан“, напиша Монтоливо на Инстагарам.

34-годишниот Монтоливо дојде од Фиорентина како слободен играч по Европското првенство во 2012 и ја завршува кариерата на „Сан Сиро“ со 158 настапи, 10 гола и 15 асистенци.

Scroll to Top