Top Sport

Бос останува на своето: Нема да се откажам

Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Бос инсистира дека нема да се предаде и покрај катастрофата на дербито на Рур, кога БВБ дозволи по предност од 4:0, Шалке да се врати за славно реми 4:4.

Пјер-Емерик Обамејанг, Марио Геце и Рафаел Гуериро, заедно со автоголот на Бенжамин Стамбули ја поставија Борусија во контрола на мечот на „Сигнал Идуна парк“, пред да се случи неверојатен колапс – Обамејанг да добие втор жолт картон и Шалке со гол во 94. минута да извлече реми.

Ова е шести меч без победа за Борусија во сите натпреварувања, но Холанѓанецот Бос вели дека нема да се предаде.

„Ќе мораме да работиме многу напорно, како што јас работев цел живот. Бев таков играч, никогаш не се предавав, и како тренер останувам на истото. Ќе ги поддржам моите фудбалери. Ова беше луд натпревар, и уште не ми се верува. Ако имаш 4:0 на полувреме, не смееш да дозволиш 4:4. Не игравме јасен фудбал и не ја искористивме нашата шанса“, вели Бос.

Борусија како Ливерпул – од 4:0 на 4:4 (видео)

Scroll to Top