Top Sport

Битиќи стана скаут, откако болеста му ја прекина кариерата

Манчестер сити уште еднаш покажа дека е голем клуб. Откако нивниот талентиран фудбалер, Косовецот Синан Битиќи мораше да ја заврши кариерата на 22 години, лидерот во Премиер лигата реши да не го остави „на улица“.

Битиќи, кој е роден на Косово, но фудбалската кариера ја градеше во австриските клубови Австрија Кернтен и Адмира, дојде во Манчестер сити во 2014 година како 19-годишен огромен талент, но немаше вистинско деби. Тој страда од хипертрофична кардиомиопатија, што значи дека со поголем напор се зголемуваат шансите за срцев напад.

„Директорот на Сити, Чики Бегиристаин ми кажа дека Манчестер сити нема да го прекинат договорот со мене и ќе ме поддржат во моите одлуки. Бев воодушевен. Зборував со Фергал Харкин, скаутот на клубот, и тој ми најде нова функција. Сега сум официјално скаут за фудбалерите кои се дадени на позајмица“, изјави Битиќи.

Scroll to Top