Во февруари годинава Лос Анџелес Лејкерс нудеше пола тим за да го доведе Ентони „веѓата“ Дејвис во своите редови, но Њу Орлеанс Пеликанс не се согласи.
Сепак, летово Лејкерси испратија понуда до Њу Орлеанс. Кај „пеликаните„ се подготвени да ги испратат Лонз Бол, Брендон Инграм и четвртиот пик од претстојниот НБА драфт во замена за Дејвис.
„Пеликанс“ оваа година имаат право први да бираат на драфтот кој е закажан за 21 овој месец, па најверојатно ќе го одберат Зајон Вилијамсон од Дјук.
Планот им е да го задржат Дру Холидеј во тимот, па доколку би се придодале засилувањето од кај „Езерџиите“ и плус ако го добијат суперталентираниот Вилијамсон, сето тоа делува како добитна ситуација за тимот.
Лејкерси се оптимисти дека конечно „веѓата“ ќе го засили тимот.