Додека очите на навивачите на Реал Мадрид беа свртени кон „Сантијаго Бернабеу“ и презентацијата на Еден Азар како фудбалер на „кралскиот клуб“, Герет Бејл имаше целосно поинаква „занимација“.
Велшанецот, чија страст за голфот е добро позната, реши да го посети САД опен во Пебл Бич, Калифорнија.
„Едвај чекам да го гледам САД опен оваа недела. Пебл е фантастичен терен, но само ако си добар играч“, напиша Бејл на Твитер.
Неодамна, откако стана јасно дека Зинедин Зидан не го сака во составот на Реал, тој наводно на своите соиграчи им кажал дека е подготвен „да игра голф цела година“.
Looking forward to watching the US Open this week. Pebble is an amazing course, as long as you drive it well. Cheering for all the #TeamTaylorMade guys this week, especially @djohnsonpga. #usopen pic.twitter.com/9ZEQ0MW09B
— Gareth Bale (@GarethBale11) June 13, 2019