Германскиот „Скај Спорт“, објави дека Борусија Дортмунд се во преговори со Баерн Минхен околу трансферот на Матс Хумелс.
Преговорите оделе добро и според овој извор прашање на денот е кога 30 годишниот фудбалер ќе се врати во Дортмунд. „Милионерите“ за трансферот на Баерн требало да им платат 30 милиони евра.
Баерн добро ќе заработи од трансферот на играчот што во 2016 година како слободен играч пристигна од Дортмунд во Минхен. За Баерн, Хумелс има одиграно 118 натпревари. Минатата година кај новиот тренер Нико Ковач немаше стандардно место во тимот.
Ковач го продава Хумелс, исто така ќе се замине и Џером Боатенг, бидејќи Баерн веќе ја засили одбраната со француските репрезентативци Бенжаман Павар и Лукас Ернандез.