Top Sport

Имобиле и Фрозиноне вмешани во шпанскиот скандал со „местенки“

Последната истрага за местење на мечеви во Шпанија под име „Операција Оикос“ неверојатно ги вмеша Италија и Серија А, откако весниците „Марка“ и „Ел паис“ објавија детали за наводно местење на мечеви во Фрозиноне, а го вклучија и Чиро Имобиле, иако не директно за „местенките“.

Главните обвинети, Матија Мариоти и Карлос Абанда се главната врска меѓу „местачите“ во фудбалскиот свет. Во инцидент кој го споменуваат весниците, Мариоти бил во контакт со трета личност во обид да се „купат“ три-четири фудбалери на Фрозиноне за метење на мечеви. Меѓу доказите, постојат снимки во кои двајцата се возаст во такси во Рим, разговарајќи за тоа како ќе заврши состанокот со Фрозиноне и дали ќе успеат да ги убедат фудбалерите.

„Во четврток ќе се видам со тимот на Фрозиноне. Ќе одиме на вечера со сите фудбалери и ќе видиме дали сакаат да го направат тоа“, вели Мариоти во снимката.

Напаѓачот на Лацио, Имобиле е индиректно вмешан, откако Мариоти му кажува на Абанда дека Имобиле обично се обложува на мечеви, иако не е јасен контекстот. Мариоти му објаснува на Аранда дека има „долгокос пријател“ кој организира нелегално обложување и објаснува дека Имобиле е чест корисник на неговите услуги.

Scroll to Top