Top Sport

Најлудото влегување во терен – Оберн го славеше „Ајрон боул“ (видео)

Оберн го совлада првиот носител Алабама во „Ајрон боул“, колеџ-натпреварувањето во американски фудбал, и навивачите беа пресреќни. Толку пресреќни  што решија сите 87.451 да влезат на теренот на стадионот „Џордан Хер“ и да прослават.

„Тигрите“ од Оберн универзитетот доминираа од стартот до финишот за импресивна победа со која добија меч за титула од Југоисточната конференција во колеџ-фудбалот против Џорџија.

Универзитетот Оберн поради трет прекршок, прославата ќе го чини казна од 250.000 долари.



Scroll to Top